Белград - Одржана парадата на гордоста

28.09.2014 17:34

На парадата, на која што учествуваа над 1000 лица, присуствуваа министрите Удовички, Јоксимовиќ и Тасовац, странски амбасадори, како и бројни преставници на јавниот и политичкиот живот на Србија.

„Не се согласуваме со насилие како средство со кое се регулираат нашите односи. За неколку години сето ова ќе биде бесмислено и поделбите и судирите што ги предизвикува Парадата на Гордоста, кои своја потпора имаат во погрешната политика во изминативе 30 год“, рече Чеда Јовановиќ, претседател на ЛДП.

Присутните на Парадата на гордоста, своето учество го поврзаа со борбата на правата на ЛГБТ заедницата.

„Ова ми значи и ова е борба не само зе геј правата, бидејќи има мисла која гласи-Никој не е слободен, додека сите не се слободни“, вели еден анкетиран учесник во парадата.

„Ни значи дека се почитуваат правата и луѓето да можат слободно да се собираат. Мислам дека не се плашиме“, рече учесничка во парадата.

Одржувањето на оваа манифестација беше тест за посветеноста на Србија во заштитата на човековите права, во контекст на приближувањето кон ЕУ. Самата Парада се одвиваше мирно, со силно полициско обезбедување.

Парадата на гордоста мирно заврши крај српското собрание. Како што неофицијално дознаваме, сепак се случил инцидент, кога српската полиција во околните улички го има претепано родениот брат на Александар Вучиќ-Андреј Вучиќ, кој е хоспитализиран во болница.

По завршување на манифестација и покрај оценката на премиерот Вучиќ дека немало инциденти, сепак група хулигани ја нападна зградата на Б-92, а запален е и еден автобус.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ