Гостивар

Гостивар чека зелено светло за водата

13.08.2026 17:36

Забраната за пиење на водата во Гостивар беше донесена на 17 јули, а два дена подоцна беше прогласена епидемија.

Последните резултати од анализата на водата во Гостивар покажуваат дека таа е физички, хемиски и биолошки исправна, информираат од Кризниот штаб.

Сепак, за потврда треба да поминат 22 часа од последните резултати, колку што трае периодот на инкубацијата. Официјалните резултати ќе бидат објавени утре, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Забраната за пиење на водата во Гостивар беше донесена на 17 јули, а два дена подоцна беше прогласена епидемија. На 19 ти јули владата прогласи 30 дневна кризна состојба, а на 27 ми јули беше дозволена техничка употреба на водата.

Марија Котовска