Сламков: Комисијата за спречување на корупција не е селективна во своето постапување

28.09.2014 17:48

Државната комисија не е селективна во своето постапување, има предмети и против оние што се на власт и против оние што се во опозиција, вели Ѓорѓи Сламков, претседател на државната комисја за спречување корупција во интервјуто за радиото „Слободна Македонија“.  Објаснува дека оваа институција ја има инцијалната функција, а како ќе заврши предметот, зависи од од повисоките државни органи.

„Целата комисија сите членови си ја извршуваат својата работа одговорно и без слективност во постапувањето. Штом ќе утврдиме елементи за постапка нас не не интересира има, презиме и функција“, вели Ѓорѓи Сламков, претседател на државната Комисија за спречување на корупција.

Според податоците од одделението за судир на интереси, досега е поднесено 21 барање за поведување прекршочна постапка - 15 се за судии, а 6 за пратеници од новиот состав кои во законскиот рок не поднесле изјава. Комисјата има и 4 инцијативи за кривично гонење.

„Една е за поранешен градоначалник на општина Арачиново, друга е за одговорни лица во совет за радио дифузија, иницијатива за кривично гонење на директор на средно училиште во Скопје, како и за кривично гонење на одговорни лица во јавното претпријатие македонски железници транспорт“,вели Ѓорѓи Сламков, претседател на државната Комисија за спречување на корупција.

Годинава заклучно со август, Комисијата поднесла 50 барања за испитување на имотна состојба во Управата за јавни приходи. Бројот за целата 2013 година бил 35.

Наташа Јанчиќ