Нови случаи на западнонилска треска
Регистрирани нови заболени од западнонилска треска, рекоа за МТВ од Центарот јавно здравје - Скопје. Надлежните со засилена акција на терен откако здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини. Апел да се почитуваат мерките за лична заштита.

Центарот за јавно здравје – Скопје има регистрирано пет нови случаи со западнонилска треска. Пациентите се од три општини каде што е прогласена епидемија, од Кисела вода, Гази баба и Аеродром, пациентите се над 60 години и се на Клиниката за инфективни болести.
Пациентите освен западнонилска треска имаат и хронични заболувања.
Во петте општини Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден во коишто е прогласена епидемија на терен се вработените од Центарот за јавно здравје-Скопје.
Докторката Анкица Станоевска матичен лекар во Кисела Вода, вели и пред прогласување на епидемија таа и нејзините колеги воделе сметка дека некоја навидум вироза може и да е западнонилска треска или друга вектор-пренослива болест бидејќи луѓето патуваат.
Од регистрираните пациенти годинава само еден е од Велес сите други се жители на Скопје. Викендов 83-годишен пациент почина на Инфективната клиника како резултат на каснување од инфициран комарец со западнонилска треска.
Наташа Јанчиќ - Менковски
