Голем пожар во Сивири, Халкидики
Халкидики се бори со огнената стихија – неизвесно е дали силниот ветер и високите температури ќе го отежнат справувањето со пожарот. Од утре грчките власти воведуваат нови ограничувања на Халкидики поради зголемениот ризик од пожари...

Голем шумски пожар го зафати популарното туристичко место Сивири на Халкидики, а поради брзото ширење на огнот, туристите и локалното население се евакуираат. На терен се мобилизирани 122 пожарникари, 41 возило, 9 авиони и 7 хеликоптери, во една од најголемите противпожарни операции во регионот.
Преку системот 112 е издадено итно предупредување за напуштање на Сивири кон Мола Калива. Халкидики се бори со огнената стихија – неизвесно е дали силниот ветер и високите температури ќе го отежнат справувањето со пожарот. Од утре грчките власти воведуваат нови ограничувања на Халкидики поради зголемениот ризик од пожари.
Од 8 до 20 часот ќе има привремена забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики кои ќе бидат контролирани од полициски службеници.
