сдсм

Филипче: Соживот, а не поделби и омраза

13.08.2026 20:45

Според Филипче токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани.

Соживот а не поделби и омраза ваква порака по повод 25 годишнината од Охридскиот рамковен договор упати претседателот на СДСМ. Според Филипче токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани.

Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби.

Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата, напиша во честитката лидерот на социјалдемократите.