Временска прогноза

Облачно време со сончеви периоди, попладне во повеќе делови од земјата нестабилност

14.08.2026 08:13

Низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови...

Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Според прогнозата, на одделни места се можни засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу 28 и 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а попладне постојат услови за локална нестабилност. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до околу 33 степени во текот на денот.