Англија

Патнички воз излета од шините во Англија: 20 патници се повредени, двајца потешко

14.08.2026 09:19

За време на несреќата во возот имало околу 150 патници. Голем број од нив првично останале заробени во возот, но подоцна биле евакуирани.

Најмалку 20 лица се повредени, од кои две потешко, откако патнички воз излета од шините во јужна Англија.

Инцидентот се случил вчера попладне околу 16 часот по локално време помеѓу градовите Хејвардс Хит и Луис во Источен Сасекс, на околу 70 километри јужно од Лондон, кога три вагони излетале од шините и се превртеле.

За време на несреќата во возот имало околу 150 патници. Голем број од нив првично останале заробени во возот, но подоцна биле евакуирани.

„Прогласивме голем инцидент и на местото спроведовме опсежна акција. Сите патници во возот се евакуирани. Го поддржуваме Одделот за истрага на железнички несреќи за да утврди точно што се случило“, изјави помошник-началникот на транспортната полиција Иан Драмонд-Смит.

Причината за несреќата сè уште е непозната.