Пожари

МНР со апел до македонските државјани во погодените подрачја од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош

14.08.2026 10:09

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја следи состојбата со пожарите во Грција и ги повикува македонските државјани во погодените подрачја внимателно да ги следат насоките на локалните власти. За помош на располагање се дежурните телефонски броеви на Министерството и Конзулатот во Солун.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја следи состојбата со пожарите во Грција преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун и во координација со надлежните грчки институции.

Од Министерството апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефони на Конзулатот во Солун +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

МНР ги потсетува граѓаните во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.