Латвија

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

14.08.2026 19:42

Речиси истовремено, Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот сообраќај во источниот дел од Финскиот Залив како превентивна мерка.

Борбени авиони на НАТО соборија дрон што влегол во латвискиот воздушен простор. Кратко по инцидентот, воздушната закана во регионите што граничат со Русија беше укината.

Речиси истовремено, Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот сообраќај во источниот дел од Финскиот Залив како превентивна мерка поради можна појава на беспилотни летала.

Војната на украинскиот фронт продолжува. Киев, преку посредник и испрати на Москва понуда во која се сугерира дека и двете земји треба да престанат со нападите врз цивилни цели во Црно Море..