Кривична пријава против три лица за насилство во скопско
Три лица од скопското село Буковиќ се пријавени за насилство во Копаница, при што 25-годишен жител на Арнакија бил нападнат со тврд предмет, а неговото возило било оштетено. Едниот од пријавените е во домашен притвор, а полицијата трага по другите двајца.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според МВР, на 12 август во село Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од село Арнакија. Останатите двајца пријавени, исто така со тврди предмети, го оштетиле неговото возило.
Полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот С.Ј., а судија на претходна постапка му определил мерка домашен притвор.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите двајца пријавени.
