Гостивар
Подобрени параметрите на водата во Гостивар, се чека одлука на АХВ
14.08.2026 11:18
Последните анализи покажале значително подобрување на микробиолошките параметри. Денеска АХВ официјално треба да соопшти дали ќе ја укине забраната.

Гостиварци во очекување на веста дека водата од водоводот е безбедна за пиење. Последните анализи покажале значително подобрување на микробиолошките параметри. Денеска АХВ официјално треба да соопшти дали ќе ја укине забраната.
Но, надлежните апелираат да не се брза со нејзиното консумирање додека не се добие зелено светло од институциите. Закажана прес-конференција на Кризниот штаб во 14 часот во Гостивар.
