Турбулентна трка на Шпанското Гран При, фаворитите паѓаа а Лоренцо најмногу се радуваше

28.09.2014 18:10

Шпанецот Хорхе Лоренцо е неочекуван победник на 14 трка сезонава, или 800 трка од Премиер класата во светското првенство во мотоциклизам, која ја одбележаа серијата инциденти. Возачот на Јамаха дојде до својата 32 победа во кариерата а прва сезонава со 10 секунди предност пред сонародникот Алекс Еспаргаро. Тој го забележа првиот пласман на пиедесталот за Форвард Јамаха воопшто откако во возбудлив финиш за второто место беше поумешен од Британецот Кал Кратчлоу, кој му донесе прв подиум годинава на Дукати.

Таквата разврска беше логична по серијата падови, најпрвин на деветкратниот светски првак Валентино Роси кој заврши во болница, но според првичните извештаи без потешки повреди на главата на “Ел доторе“. Во последните три круга кога поради дожд најголем дел од возачите ги заменија моторите, тандемот на врвот реши да им пркоси на временските услови. Таквата стратегија беше погрешна, па најпрвин Дани Педроса излета од патеката, а нешто потоа и лидерот Марк Маркез. Нивното очајничко враќање со нови мотори резултира со 13 и 14 место и освојување на бод, односно два. Тоа значи дека на 4 трки пред крајот Маркез е и натаму убедливо лидер со 292 бода, или со 75 предност пред Педроса, кој има 3 повеќе од Роси.