Македонија

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

14.08.2026 13:29

Услови за невреме има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во следните денови се очекува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.