М-НАВ

Нов систем и радар за побезбедно управување со македонското небо

14.08.2026 18:51

М-НАВ стави во употреба нов систем за управување и контрола на воздушниот сообраќај, а до крајот на септември се очекува да биде активиран и новиот радар на контролната кула во Скопје. Надлежните велат дека новата технологија ќе ја зголеми безбедноста и ќе овозможи понатамошен развој на воздушната навигација.

Македонското небо добива нова технологија за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Македонската навигација стави во употреба нов систем, а до крајот на септември се очекува во функција да биде и новиот радар инсталиран на контролната кула во Скопје. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, рече дека со двата система се подигнува нивото на безбедност во управувањето со македонскиот воздушен простор.

Од М-НАВ велат дека новиот систем не претставува само замена на опремата, туку ќе обезбеди постабилна технолошка основа за понатамошниот развој на воздухопловната навигација.

Значењето од новата опрема е уште поголемо ако се земат предвид бројките дека има над 12% раст во првите шест месеци од годинава, во однос на 2025 на бројот на прелети над македонското небо.

Министерот дополни дека бројот на патници ќе расте, оти само во првите шест месеци од 2026, над воздушниот простор на Македонија се извршени околу 173 илјади летови

Само во јули се регистрирани околу 42 илјади летови.

Борис Грујоски