Битола

По 33 часа борба, изгаснати пожарите во Пелагонија

14.08.2026 16:03

Се стабилизира состојбата со пожарите во пелагонискиот регион. Синоќа најкритично беше во атарот на селата Лознани, Ивањевци и Новоселани. Огнот се спушти до првите куќи, со помош на битолските пожарникари, припадници на ДЗС, доброволци од доброволното противпожарно друштво и огромна помош од локалното населени, пожарот еден час по полноќ беше изгаснат. Од овој пожар како херој излезе и локален жител на село Ивањевци кои со својот трактор дирекно влезе во пламените јазици и го одврати огнот од куќите.

По 33 часовна борба со огнените стихии, пожарите во пелагониско се изгаснати. Најкритично беше во атарот на селата Лознани, Ивањевци и Новоселани, каде огнот се доближи на педесет метри од првите куќи.

Во синоќешната акција покрај битолските, се вклучи и екипа пожарникари од Кавадарци, дваесет доброволци од Противпожарното друштво „Архангел“ и припадници на ДЗС со четири пинцгауери, опожарени сè се околу 1.000 хектари површина, а постојат и сомнежи дека пожарите се подметнати.

Огромна помош имаше и од месното население, кои со сите расположливи средства помогнаа огнот да биде изгасен. А како херој од овој пожар излезе 34 годишниот Александар Чепиговски од село Ивањевци, кој со својот трактор влезе дирекно во пламените јазици високи повеќе од еден метар и го спречи неговото ширење.

Вчерашниот ден со повеќе од 40 пожари, беше најтежок од аспект на загрозеност на населени места. Денес до 13 ч на територија на државава регистрирани се 12 пожари, од кои активни се шест, два се под контрола.

Во синоќешниот пожар кај Лознани еден жител се здоби со изгореници на раце. По направениот лекарски преглед пуштено е дома, бидејќи не биле констатирани изгореници, за кои е потребен медицински третман информираат од ДЗС.

Александра Максимовска