Македонија
По речиси еден месец, водата во Гостивар повторно безбедна за пиење
14.08.2026 14:29
Водата од гостиварскиот водовод од денеска повторно е безбедна за пиење, соопшти Главниот штаб за управување со кризи. Последните анализи покажале дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, по што се исполнети условите за повторно користење за пиење.

По речиси еден месец, гостиварци повторно добија вода безбедна за пиење. Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека последните добиени резултати потврдиле дека водата од гостиварскиот водовод е микробиолошки и бактериолошки исправна.
Со тоа, како што информираат надлежните, се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење.
На граѓаните им се препорачува пред да ја користат водата за пиење, добро да ги остават да истечат чешмите.
