Кампања на УЈП за фер туризам и плаќање данок на доход остварен од издавање соби
Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата. Вака велат од УЈП регионална дирекција Струмица кои овие денови беа на терен во Дојран Валандово и Струмица за да ги потсетат издавачите на соби и апартмани дека треба да пријават да данок од остварен доход.

Регионалната дирекција на УЈП во Струмица со посета на повеќе места и општини ја реализира кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Со оваа кампања ги потсетува издавачите на соби, апартмани и вили дека треба да го пријават доходот остварен по овој основ независно дали плаќањата се од дома или странските дигитални платформи.
Во струмичко веќе стотина издавачи на соби апартмани или друг тип сместувачки капацитети даночно се пријавиле. Ова кампања има за цел фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите. Во спротивно има казани бидејќи секојдневно УЈП добива информации дека одделни лица рентаат сместувачки единици.
Претставници на УЈП Струмица досега беа во Дојран и Валандово. Даваа практични насоки како и на кој начин сопствениците доброволно да го пријават доходот но и да бидат поврзани со други институции на државно и локално ниво.
Ване Трајков
