МВР

1.576 прекршоци за брзо возење откриени за една недела

14.08.2026 20:08

Сообраќајната полиција во периодот од 3 до 9 август спроведе засилени контроли на брзината во рамки на паневропската акција ROADPOL Operation Speed. На територијата на целата држава се констатирани 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина.

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа дел од ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана акција на сообраќајните полициски служби од земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата полицијата континуирано ја мерела брзината на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди поради несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите биле констатирани вкупно 1.576 прекршоци за брзо возење.

Од МВР информираат дека ваквите активности продолжуваат со цел зголемување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на сообраќајната дисциплина.