Инфективна клиника

Почина уште еден пациент со западнонилска треска

14.08.2026 16:15

Како што соопшти директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот од почеток бил со тешка симптоматологија и изразена невролошка состојба. Покрај сите преземени мерки и континуирано следење, неговата здравствена состојба се влошила.

Втор смртен случај на пациент со западнонилска треска во земјава. Денеска во попладневните часови на Клиниката за инфективни болести почина 72-годишен пациент кај кого лабораториски бил потврден вирусот.

Како што соопшти директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот од почеток бил со тешка симптоматологија и изразена невролошка состојба. Покрај сите преземени мерки и континуирано следење, неговата здравствена состојба се влошила.

Во моментот на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 24 пациенти. Кај 19 од нив лабораториски е потврдено присуство на вирусот Западен Нил, додека пет пациенти се суспектни и кај нив во тек е дијагностичка постапка.