Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска

14.08.2026 19:16

Втора жртва на западнонилската треска годинава. Почина 72-годишен скопјанец со коморбидитети, кај кого вирусот предизвикал воспаление на мозокот. Во болница се 24 пациенти.

Вирусот на западнонилската треска ја зема и втората жртва ова лето. На Инфективната клиника почина 72-годишен скопјанец кој развил тешка форма на болеста со воспаление на мозокот. Директорот на Клиниката, Цана, рече дека пациентот бил со коморбидитети.

Под лекарски надзор на Инфективна се 24 пациенти. Кај 19 од нив лабораториски е потврден вирусот, додека за останатите петмина анализите сè уште се чекаат.

Додека стивне летото и комарците ги снема – остануваат препораките на лекарите: граѓаните да употребуваат креми кои заштитуваат од убоди, да користат мрежи на вратите и прозорците, да носат лесна облека со долги ракави и да не престојуваат покрај застоена вода каде и најмногу се размножуваат комарци.

Анита Димитријевска – Велковска