МВР

Меѓународна координирана акција против организирана криминална група

15.08.2026 10:52

Акцијата против организирана криминална група, ја води МВР, преку одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Уапсени македонски и косовски државјанин во Солун.

Во меѓународна акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, уапсени македонски и косовски државјанин во Солун. Акцијата против организирана криминална група, ја води МВР, преку одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Како резултат на повеќемесечната истрага, во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија.

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.