Земјоделство

Ниски откупни цени, високи производствени трошоци

15.08.2026 16:03

Од фарма до трпеза-патот на млекото е долг, а производителите велат, станува се понеисплатлив. Слична е и состојбата со откупната цена па пченицата. Но и на сите домашни земјоделски производи. И додека цените на крајните продукти растат, исто така и на репроматеријалите-земјоделците и сточарите се чудат како да врзат крај со крај. Единствен спас, за да продолжат со подготовка за следната сезона гледаат барем во исплатата на заостанатите субвенции од 2025 година …

Ниски откупни цени, високи производствени трошоци-земјоделците повторно со реакции. Производителите на млеко велат дека со актуелните откупни цени тешко ги покриваат трошоците и стравуваат дека ваквата состојба ќе го доведе во прашање идното производство од лани до сега откупната цена на млекото падна од 36 на 24 денари, додека во продавниците е двојни или тројно повисока.

Земјоделците не се задоволни од овогодишната откупната цена, од само 10 денари за килограм пченица. Истата лани пченицата се откупуваше по 12 денари. и додека цените во продавниците растат, но исто така и трошоците за производство, производителите се прашуваат како ќе ја финансираат следната реколта. Бараат по пет денари за килограм од Интервентниот фонд.

Единствена надеж за да можат да започнат со подготовка за следната сезона, но и да продолжат да одгледуваат стока, наоѓаат во исплатата на заостанатите субвенции од 2025 до сега. Истекува и рокот од една неделата кој пелагониските земјоделци го дадоа, и доколку исплатата не започне, најавуваат блокада на граничниот премин „Меџитлија“.

Александра Максимовска