ЦУК

ЦУК: Утрово активни се 6 пожари, под контрола е 1, изгаснати се 20

15.08.2026 09:30

Сеуште гори кај селата Моране, Врте-Кица и Рамни Габер во општина Студеничани, пожар има и во општина Македонски Брод кај селото Драгов дол и кај Локвица.

Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од утрово активни се 6 пожари, под контрола е 1, изгаснати се 20, соопштија од Центарот за управување со кризи. Сеуште гори кај селата Моране, Врте-Кица и Рамни Габер во општина Студеничани, пожар има и во општина Македонски Брод кај селото Драгов дол и кај Локвица.

Активен е и во велешко С’лп, во општина Јегуновце кај селото Копанце, општина Крушево кај селата Борино и Житоше и во село Бојане во Сарај, каде избувна синоќа и се ширеше во правец на Јегуновце. На терен интервенирале четири екипи на противпожарната бригада на град Скопје, а како засилување се ангажирани и екипи на противпожарните служби од Тетово.

Доцна ноќта беше ставен делумно под контрола, не претставувала опасност за населените места. Од утрово и воздушна интервенција за целосно гаснење на пожарот.