Куманово

Над 160 барања за обесштетување од невремето во Куманово

15.08.2026 14:13

Вкупно 160 барања за надомест на штети од невремето поднеле граѓаните во Куманово. Речиси еден месец по невремето, последиците сè уште се санираат. Оштетена е и не функционира сообраќајната сигнализација. Жителите на Длабочица, пак 20-ина дена без струја.

Вкупно 160 барања поднеле граѓаните и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето во Општина Куманово. Најголем дел од пријавите се однесуваат на оштетени кровни конструкции, фасади, возила, поплавување од атмосферски води. По извршениот увид на терен, комисијата за проценка на штети, ќе изготви елаборат кој се достави до комисијата во Владата.

И речиси еден месец од невремето, Куманово и регионот сè уште се справуваат со последиците. Се отстрануваат дрвја, уредува електричната мрежа. На терен се вработени на комуналното претпријатие и Шумско стопанство.

Невремето предизвика сериозни штети и врз сообраќајната сигнализација.

„Во селата сè уште во соработка со ЈП национални шуми што е нивна надлежност се обидуваме да решиме проблеми. Не еден, два, туку три семафори се урнати, двата во невремето, третиот во сообраќајна несреќа. Најголемиот проблем е што е урнат и главниот контролен ормар каде што се наоѓа главната автоматика на сите семафори на 3-та МУБ, успеавме да го отстраниме тој дефект, остана проблемот на крстосницата кај Зелениот пазар“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Градот треба да обезбеди средства за набавка на нова сигнализација. И институциите се справуваат со штетите од невремето.

„Имавме неколку паднати дрвја, скината инсталација, прозорци, проблеми со кровот, конструкцијата, олуци сето тоа го решивме со донатори, и со нашите вработени“, нагласи Александар Крстевски, директор дом за стари лица Куманово.

Жители на село Длабочица од Старо Нагоричане реагираа, 20-ина дена од невремето се без струја.

Елена Георгиевска