Нов пожарен бран го зафати Јадранот
Пожарникарите цела ноќ се бореа со голем пожар кај местото Брбињ на островот Дуги Оток. За евакуираните жители и туристи е обезбедено сместување.

Нови жаришта на хрватското приморје по огнената стихија што го зафати Омиш. Четворица од тешко повредените се борат за живот. Едно лице загина, идентитет сè уште се утврдува. Пожарникарите цела ноќ се бореа со голем пожар кај местото Брбињ на островот Дуги Оток. За евакуираните жители и туристи е обезбедено сместување.
Тешка битка со пламените јазици деновиве се води и појужно, во Црна Гора. Голем пожар избувна во Сутоморе. Според црногорското МВР, активни, но под контрола, се пожарите во Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ, Бар, Колашин и Подгорица. На територијата на Србија во моментов има 25 активни пожари на отворени површини.
Во Грција пак, властите прогласија висок ризик од пожари, Халкидики и Света Гора се под засилена готовност.
