Премиерот Мицкоски најави три нови инвестиции
Шефот на владата најави влез на три нови инвестиции. Преговорите во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. Договорите треба да бидат потпишани оваа есен. По едно неделно отсуство поради користење годишен одмор премиерот Мицкоски пред новинарите реферираше за најновите состојби во земјава. Негира дека имал какви било политички средби во Брисел, додека опозициската СДСМ го обвинува за преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на владата.

Премиерот Христијан Мицкоски ја разреши мистеријата зошто бил во неколку градови во Белгија. Екскурзија со неговите синови со посета на културно историски места. Вели немав ниту една политичка средба, но остварив три со странски инвеститори. Договорите се пред потпишување.
И додека Мицкоски негираше дека имал какви било политички средби во Брисел, социјал-демократите прашуваат што точно договарал тој. Велат преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на владата.
„Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање – европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?“, соопштија од СДСМ.
Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите-велат во СДСМ.
Миле А. Ристески
