ЦУК

Сè уште беснеат пожари на отворено во Македонија

15.08.2026 17:43

Од 27 пожари, 6 сè уште беснеат, 20 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи. Гори во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Крушево и во Јегуновце. Лишени од слобода две лица кои биле затекнати како предизвикуваат пожар на отворен простор во Битола и во Прилеп. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Сè уште беснеат пожари на отворено во Македонија. Во последните 24 часа биле регистрирани 27 пожари, од кои 6 се активни. Гори во општините Македонски Брод, Велес, Крушево, Студеничани и Јегуновце. Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево.

МВР уапсила тројца подметнувачи на пожари во битолско и прилепско, против нив ќе бидат изречени кривични пријави.

Поради високите температури во земјава е на сила кризна состојба.

Ирина Гелевска