Мицкоски: Ќе се казнуваат оние кои свесно создаваат страв за водата, СДСМ бара одговорност за Гостивар
Опозицијата се обиде да создаде хистерија, со измените на казнениот законик ќе се казнуваат оние кои свесно создаваат страв кај граѓаните – Мицкоски за водата во Скопје. СДСМ пак, бара одговорност за Гостивар. Институциите да ги објават анализите, граѓаните не бараат здравица, туку чиста вода и гаранција дека е безбедна, велат од опозициската партија. Премиерот дециден – владата не е одговорна, водоводот е прочистен за помалку од четири недели, истрагата треба да продолжи.

Хибриден напад се пораките со дезинформации кои беа објавени за наводна бактерија во водата во Скопје со цел да се шири немир, несигурност за да се создаде таква атмосфера во услови кога ја нема, дециден е премиерот Мицкоски. Прстот за ширењето на лажните вести го впери во опозицијата. Тој тврди дека за оваа хистерија бил известен ден пред да се објави на социјалните медиуми, очекува синџирот на лажните вести да го пресече новиот Кривичен законик.
Премиерот одговори на обвинувањата и за состојбата во Гостивар. И порача на опозицијата одговорноста да ја бара кај градоначалникот кој СДСМ го поддржале на изборите, но и кај претходни министри од оваа партија, за кои Мицкоски тврди оти не презеле ништо, иако знаеле дека не е добар квалитетот од гостиварскиот водовод. Социјалдемократите и денес побараа одговорност, но и да се објави извештајот со кој се докажува дека гостиварската вода е безбедна за користење.
Претходно СДСМ обвинуваше дека институциите задоцниле со прогласувањето на епидемија во Гостивар.
Викторија Милевска
