Македонија

Воведена е забрана за употреба на водата во Демир Капија

15.08.2026 19:42

Во Демир Капија е воведена е забрана за употреба на водата – не за пиење, ниту за готвење, предупредија општинските власти...

Гостиварци добија вода, но во Демир Капија е воведена е забрана за употреба на водата – не за пиење, ниту за готвење, предупредија општинските власти. Одлуката е донесена поради различните резултати од анализите на водата во различни денови на исто мерно место. Од Јавното претпријатие „Бошава“ во велат дека во понеделник ќе следува суперанализа која треба да ги даде конечните резултати.

Од Општина Демир Капија посочија дека мерката е превентивна за да се заштити здравјето на луѓето.