ЦУК

ЦУК: Активни се шест пожари, еден е под контрола

16.08.2026 10:15

Во раните утрински часови избувнал голем пожар во Зелениково. По, брзата интервенција на скопските пожарникари и градоначалникот огнот бил спречен да дојде до куќите. Сè уште е активен.

Центарот за управување со кризи информира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор.

Од нив, активни се шест, под контрола е еден пожар, додека 22 пожари се изгаснати.

Во раните утрински часови избувнал голем пожар во Зелениково. По, брзата интервенција на скопските пожарникари и градоначалникот огнот бил спречен да дојде до куќите. Сè уште е активен. Во текот на вчерашниот ден имало 29 пожари на отворен простор.

Кај селото Локвица гаснењето било отежнато – теренот карпест, имало силен ветер и огнот се ширел, но засега не биле загрозени населени места.