Металург не го повтори 28 септември 2013
Без најдобриот стрелец во ЛШ Ренато Вугринец, Металург немаше сили да го совлада втор пат последовно ПСЖ кој на овој дуел допатува и одигра како вистински фаворит.
Посилен за тројката Омејер, Акамбре, Бараше, поткрепени од Хансен, Абало, Копљар, францускиот ракометен гигант и најскапиот тим моменто, на истиот ден само 2013-та, беше пресилен за нашиот првак.

На 28 септември, лани беше 28-26 за Металург а избраниците на Лино Червар беа мотивирани, се бореа жестоко, одиграа машки натпревар како и тогаш, но квалитетот овој пат беше на страната на противникот. Металурзите поведоа само еднаш со првот гол на натпреварот со кој Мојсоски ја отвори новата одисеја во Европа.
Французите најавија дека се дојдени за одмазда во 13-та минута кога ги имаа максималните до тој момент плус 4. Но, металурзите ја наместија одбраната што ја предводеше одличниот Станиќ, казнуваа во контри , и до крајот на првиот дел фатија приклучок па на полувреме се замина со четири единици на семафорот, исто како и лани со тоа што тогаш по еден гол повеќе постигнаа и двете екипи.
Второто полувреме беше пеколно до финалните шест минути, иако парижани за 15 минути го пресликаа максималното водство од првиот дел. Од 21-17 тргна новиот лов по фаворитот во кој нашиот состав стигна на само еден гол негатива во 54 минута, но потоа не искористи неколку напади и ривалот знаеше сурово да казни.
Данецот Хансен беше лидер на ПСЖ со 6 гола, Абало постигна 5, по три постигнаа Абало, Хонрубиа и Копљар. Кај Металург прв стрелец беше Миркуловски со 5 гола, соплидна подршка имаше од Манасков и Циндриќ кои погодија по четирипати.
12-12 заврши голманскиот двобој Станиќ – Омејер со тоа што Србинот имаше 7 одбрани во првиот дел а французинот 4.