Во Струмица музичка концертна вечер за 35 години независна Македонија
Под мотото „Најдоброто од Македонија“ синоќа во Струмица со музичка вечер се одбележа 35 годишнината од независноста на државата. Синтезис, Мизар и Меморија беа дел од репертоарот а вечерва со две светски легенди на електронската музика. Струмичани пак веруваат дека Македонија може и повеќе.

Цели четири часа уживаа посетителите во Струмица во хитовите на Синтезис, Мизар и Меморија бендови кои оставија силна трага во македонската музика. Тие беа дел од програмата на одбележување 35 години независност на Македонија бидејќи со музиката на овие бендови растеа генерации и генерации Македонци.
Голем број струмичани синоќа беа во градскиот парк каде беше музичкото одбележување. Тврдат дека низ годините во земјава се можело и повеќе. Очекуваат уште подобри времиња на секое поле во државата.
Одбележувањето продолжува и вечерва во градскиот парк. Во Струмица организаторите носат легенди на светската електронската музика, со цел на светски начин да се прослави независноста на Македонија.
Ване Трајков
