Потрагата по преживеани во Индонезија продолжува
Продолжува потрагата по преживеани во Индонезија по земјотресот од 7,7 степени по Рихтер. Властите нотираат десетици жртви и повредени. По големиот потрес биле регистрирани над 300 последователни земјотреси, од друга страна, во Колумбија згаснуваат надежите дена под урнатините ќе бидат пронајдени преживеани по силниот земјотрес од 7,4 рихтери на западниот дел на земјата.

Спасувачките екипи во Индонезија се во трка со времето во потрагата по преживеани од разорниот земјотрес од 7,7 Рихтери, во кој загинаа десетици лица. Прелиминарните извештаи покажаа дека повеќе од 900 домови и стотици други објекти се сериозно оштетени.
„Мојата куќа беше оштетена и речиси се сруши поради земјотресот, кој се случи околу 5 часот наутро по зори. Во тој момент, сè уште спиевме во куќата. За среќа, другите жители викаа однадвор, па се разбудивме и истрчавме надвор.“, изјави жител.
Веста за втор земјотрес со магнитуда од 6,9 степени на другиот крај на Индонезија послужи како потсетник зошто овој регион е наречен огнен прстен. По разорниот потрес следувале 341 последователни потреси, соопшти Агенцијата за Национално управување со катастрофи.
„Бидејќи живеам во Јапонија, таму има многу земјотреси. Имам доживеано многу земјотреси претходно, но мислам дека овојпат можеби е најголем, поголем од кој било земјотрес.“, изјави турист во Индонезија.
И додека Индонезија ги вложува сите напори во потрага под урнатините, надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес од 7,4 рихтери во западна Колумбија згаснуваат. Потресот во јужноамериканската земја пред шест дена однесе стотици жртви и остави илјадници повредени. Властите почна инспекциски надзори на оштетените објекти.
„Веќе бевме во неколку градови и општини, поддржувајќи ја оваа работа за проценка на факторите на ризик, спроведување инспекции и извршување структурни проценки со цел да се заштитат луѓето во случај на можни потреси.“, изјави Ангелика Кинтеро - градежен инженер.
„Има вродени структурни дефекти како резултат на земјотресот, настанати се некои штети што можат да се класифицираат како тешки и умерени во клучните структурни елементи, што ги става во состојба на непосреден ризик, а препораката би била евакуација.“, изјави Камило Андрес Кариљо - инженер.
Податоците на колумбиската служба за управување со катастрофи нотира дека повеќе од две третини од жртвите во земјотресот се регистрирани во градовите Кали и Переира.
Маријана Димовска
