Пожарите на Балканот се смируваат, но опасноста сè уште трае
Во текот на ноќта властите велат дека немало нови жаришта. Истрагата утврди дека пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумска површина покрај патот во месноста Локва Рогозница. Потоа пожарот, носен од ветерот, се проширил до градот Омиш, при што изгореле околу илјада хектари.

Состојбата со пожарот во Омиш, Хрватска полека се смирува. Во текот на ноќта властите велат дека немало нови жаришта. Истрагата утврди дека пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумска површина покрај патот во месноста Локва Рогозница. Потоа пожарот, носен од ветерот, се проширил до градот Омиш, при што изгореле околу илјада хектари.
Бројките се менуваат од час во час во Србија каде што вчера беа активни десетици пожари.
Според властите, утрово состојбата се смирува. Пожарите сè уште се активни во Херцег Нови, Улцињ, Никшиќ, Бар и Котор, распоредени се неколку авиони за гаснење од воздух. Во Грција пак, по опасноста за пожари, силно невреме зафати делови од Пелопонез и за само неколку минути предизвика сериозни поплави и материјална штета.
