Македонија

Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Скопје

16.08.2026 12:25

На Инфективната клиника се лекуваат 24 пациенти, седуммина се во потешка состојба. За само една недела, битката со вирусот ја загубија двајца скопјани.

Зголемен бројот на заболени со западнонилска треска во Скопје. Со три нови потврдени случаи бројката се искачи на 34 вирусот детектиран и кај жител од Арачиново.

На Инфективната клиника се лекуваат 24 пациенти, седуммина се во потешка состојба. За само една недела, битката со вирусот ја загубија двајца скопјани. Изминативе денови е спроведена вонредна дезинсекција против ларви, а се прска и против комарци.