Само уште едно празно место

29.09.2014 00:05

Белгија против Порторико во меѓусебен дуел ќе решаваат за последниот билет за пласман во втората фаза на Свтското одбојкарско првенство за жени. На Белгијките доволни им се два сета, а Порторико мора да победи со 3-0 или со 3-1 за да се пласира во новоформираните групи од по осум селекции.  

Белгија против Порторико во меѓусебен дуел ќе решаваат за последниот билет за пласман во втората фаза на Свтското одбојкарско првенство за жени. На Белгијките доволни им се два сета, а Порторико мора да победи со 3-0 или со 3-1 за да се пласира во новоформираните групи од по осум селекции.  

Во денешното завршно коло од овој мудијалски сегмент, во групата „А“, Хрватска ја победи Германија со 3-2 иако противничките двапати водеа, а убедливо го добија третиот сет со 25-9. Откако и се реваншираше на Германија за ланскиот пораз во четвртфиналето на Европското првенство, Хрватска ќе пренесе три бода, а Германија два.  Натаму ќе одат и домаќинот Италија и Доминикана, кои во завршниот меч од оваа конкуренција играат за тоа кој ќе почне со повеќе бодови во новата етапа од Светскиот шампионат.

Со исти мотиви вечер силите ќе ги одмерат Бразил и Србија (преносот е на МРТ Собранскиот сервис од 20.00), водечките во групата „Бе“. Турција го совлада Камерун со 3-0, а Бугарија на ист начин беше поуспешна од Канада. Покрај Бразил и Србија, во вториот круг се Турција и Бугарија, а таму е и Казакстан кој денеска го совлада Тајланд со 3-0 и го освои четвртото место во групата „Це“. Холанѓанките ја потврдија третата позиција со триумфот над Мексико со 3-0, а Русија и Соединетите Американски Држави вечерва решаваат за првото.

Со такви мотиви во меѓусебното соочување влегоа  Јапонија и Кина. Победи Кина со 3-2, па ќе пренесе бод повеќе од ривалот. Во конкуренцијата „Де“, по триумфот над Куба со 3-1 меѓу 16-те е и Азербејџан, а четвртиот патник ќе биде познат по средбата меѓу Белгија и Порторико.