инфраструктура

Забрзана изградба на нови автопатишта

16.08.2026 17:06

Премиерот Мицкоски ја соопшти динамиката на изградба на новите делници. Според него со овие проекти градежништвото и натаму ќе остане главен двигател на економијата...

6 делници, стотина километри нови автопатишта. Премиерот Мицкоски ја соопшти динамиката за изградба на новите делници. За 10 дена ќе почне градбата на автопатот Скопје-Блаце. Завршени се сите процедури, избран е надзорот, изведувач ќе биде домашна компанија. Идниот месец, пак, треба да почнат градежните работи и на потегот на Гостивар – Букојчани, а во финална фаза е автопатот Кичево – Охрид.

При крај е изработката на физибилити студијата за брзата железница на коридорот 10, премиерот Мицкоски очекува сите проблеми да бидат надминати и од идната година да почнат градежните работи.

Со овие проекти шефот на владата смета дека градежништвото и натаму ќе остане главен двигател на економијата.

Викторија Милевска