Акција „Вардарис“

Притвор за осомничен за транспорт на дрога

16.08.2026 19:20

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка против едно лице за транспорт на над 324 килограми марихуана...

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка против едно лице за транспорт на над 324 килограми марихуана. Осомничениот од февруари до 14-август, заедно со уште тројца против кои се води постапка во Грција се опфатени со акцијата „Вардарис“.

Тој наводно организирал превоз на рециклирана пресувана хартија од Македонија кон Турција преку Бугарија, но товарното возило и приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун, каде се сретнал со други двајца осомничени и договорил транспорт на дрогата, која сакале да ја скријат во товарот со рециклирана хартија.

Грците ја пронашле дрогата. На осомничениот во Македонија му е одреден притвор.