Зетот на Трамп го турка планот на Вашингтон за прекин на огнот во Газа, Тел Авив и Хамас на спротивни позиции
Вашингтон бара чекори за разоружување, а Хамас вели дека е подготвен, но бара прекин на израелските напади и повлекување на израелските сили.

Зетот на американскиот претседател Трамп, Џаред Кушнер, на средба со израелскиот премиер Нетанјаху во обид да го придвижи американскиот план од 15 точки за прекин на огнот во Газа, отфрлен од Тел Авив.
Средбата следува по разговорите на Кушнер со Хамас во Египет.
Вашингтон бара чекори за разоружување, а Хамас вели дека е подготвен, но бара прекин на израелските напади и повлекување на израелските сили.
Во меѓувреме, преговорите меѓу САД и Иран се во застој, додека меморандумот за разбирање се ближи кон крајот.
Техеран и Вашингтон засега не отстапуваат од своите позиции.
Во регионот, продолжуваат судирите со проиранските групи. Јеменската армија ги засилува нападите врз Хутите, а Израел изврши напади врз Хезболах во Либан.
Трамп најави и намалување на дел од воените вежби со Јужна Кореја, поради, како што наведе, недоволната поддршка на Сеул во конфликтот со Иран.
