Шпанија

Мигранти протестираат во Сеута: бараат азил, Мадрид најавува дека нема да останат во Шпанија

17.08.2026 08:30

Во енклавата сè уште се наоѓаат околу 6.000 мигранти...

Стотици мигранти кои неодамна нелегално влегоа во шпанската енклава Сеута протестираа на градската плажа, барајќи азил наместо враќање во Мароко.

Во енклавата сè уште се наоѓаат околу 6.000 мигранти, но Мадрид најави дека тие нема да можат да останат или да заминат во континентална Шпанија.

Протестите доаѓаат откако Мароко викендов спречи нов мигрантски бран кон Сеута и уапси над 100 лица.