Пожари беснеат од Грција до Белгија, сушата го влошува хаосот
Поради брзото ширење на огнот, евакуирани се над 500 луѓе. Пожари беснеат и на Халкидики. Ситуацијата во Хрватска се смирува, во Србија и натаму 40 активни жаришта.

Двајца загинати и неколку повредени во голем пожар на грчкиот остров Саламина.
Поради брзото ширење на огнот, евакуирани се над 500 луѓе. Пожари беснеат и на Халкидики. Ситуацијата во Хрватска се смирува, во Србија и натаму 40 активни жаришта.
Жртва од пожар и во Шпанија. Сериозна е ситуацијата и во природниот резерват Високи Мочуришта, во источниот дел на Белгија. Поради ширењето на огнот, стотици се евакуирани, а властите ги повикаа туристите да го напуштат подрачјето.
„Многу луѓе ги напуштија своите куќи. Пожарот сè уште не е под контрола, мора да го опкружиме, но имаме многу проблеми. Теренот е тресетлив и лесно гори. На места тресетот е длабок и до шест метри, па огнот не гори само одозгора, туку се шири и под земја“, изјави Хари Мејер, директор на Федералната полиција.
Во меѓувреме, Германија разгледува опции за промена на уставот поради климатската криза додека сушата и намалените водостои предизвикуваат сериозни последици.
Унгарија најави вонредни напори за продолжување на работата на нуклеарната централа „Пакш“ додека водостојот на Дунав останува критичен.
