Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 14 пожари на отворен простор
Активни се пожарите општина Студеничани, кај селата Моране, Вртекица и рамни Габер, општина Македонски Брод, во Велешко и во Зелениково, како и во Јегуновце и Сарај и општина Врапчиште: с. Ломница – шумски пожар.

Според последната информација од Центар за управување со кризи во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 14- пожари на отворен простор.
Активни се пожарите општина Студеничани, кај селата Моране, Вртекица и рамни Габер, општина Македонски Брод, во Велешко и во Зелениково, како и во Јегуновце и Сарај и општина Врапчиште: с. Ломница – шумски пожар.
Синоќа избувна пожар во правец Радишани кон Љуботен, каде имало опожарена сува трева. Скопската пожарна бригада интервенираше и на пожар кај стакларски рид населба Усје каде горела висока сува трева.
