Армија

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

17.08.2026 09:48

Денеска, по повод Денот на армијата, во 19 часот во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изври почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија …

Утре во кампот за обука на вода во Охрид, со почеток во 11.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 август – Денот на армијата. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На свеченоста се поканети и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во владата, пратеници, генерали во армијата, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот на армијата, пензионирани генерали, претставници од локалната самоуправа и на организации со кои соработува армијата и други гости.

А денеска, по повод Денот на армијата, во 19 часот во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изври почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија …