Случај „Пулс“

Ново рочиште за кочанската трагедија, продолжува доказната постапка

17.08.2026 09:02

Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а, во случајот се обвинети 34 лица...

Во судницата во Идризово ново рочиште за кочанската трагедија, во кој загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Продолжува со доказна постапка. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а, во случајот се обвинети 34 лица.

Судењето треба да продолжи со изведувањето на вештачењето од страна на вешто лице, а најавена е и нумеричка презентација на фотографиите. На минатото рочиште експерт по урбанизам рече доколку сакал да отвори дискотека, газдата на „Пулс“ требало да иницира измена на ДУП-от, а потоа и да поднесе барање за пренамена на објект доставувајќи проект и документација.

Наместо тоа, одлучил незаконски да го адаптира просторот кој по закон е наменет за лесна, незагадувачка индустрија. Родители на загинатите, пак рекоа дека инспекциските служби имале доволно време да извршат надзор.