Фудбал

Роналдо: Ова веројатно ќе биде мојата последна сезона

17.08.2026 09:10

Португалската суперѕвезда во интервју за „Вог“ откри дека актуелната сезона би можела да биде последна во неговата кариера.

Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата фудбалска кариера. Португалската суперѕвезда во интервју за „Вог“ откри дека актуелната сезона би можела да биде последна во неговата кариера.

„Ова веројатно ќе биде мојата последна сезона во фудбалот“, изјави Роналдо.

Капитенот на Португалија има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе наполни 42 години. Пред него е и голем рекорд – на Роналдо му недостигаат уште 30 гола за да стигне до неверојатната бројка од 1.000 постигнати голови во кариерата.

Новата сезона во Саудиска Арабија веќе започна, но Роналдо сè уште нема настап по завршувањето на Светското првенство. Се очекува неговото враќање на терените на некој од следните натпревари.