Игран филм

СТРАЖАРОТ

Сабота, 20:15

Пит Гарисон (Мајкл Даглас) е ветеран од ФБИ, со долга и беспрекорна кариера. Пит чувал бројни американски претседатели и изградил име и ја заработил почитта од колегите. Дејвид Брекинриџ (Кифер Сатерленд) е неговиот колега, кој стекнал знаење и искуство со Гарисон и има само пофалби за него. Кога се открива дека во службата има шпион, кој е дел од заговор против претседателот Балентин (Дејвид Раше), Гарисон започнува истрага за да го открие натрапникот. Тој го замолува Брекинриџ да ги прочешла доказите, а тие го доведуваат до заклучок дека предавникот не е никој друг туку Гарисон, кој сепак успева да избега од рацете на тајните служби и се обидува да ја докаже својата невиност.

Улоги: Мајкл Даглас, Кифер Сатерленд

Режија: Кларк Џонсон