Неаполскиот Театар Сан Карло на 9 октомври гостува во МНТ
На 9 октомври на сцената на Македонскиот народен театар ќе се претстави театарот Сан Карло, со изведба на концерт/омаж посветен на најголемиот неаполски тенор Енрико Карузо - „Легендарниот Карузо“.
Театарот Сан Карло е еден од најстарите театри во Европа, еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера кој своето присуство во Република Македонија ќе го оствари благодарение на воспоставената соработка со Република Италија и потпишаниот договор за соработка со Giffoni Experience, Италија.

Агенцијата за филм, Здружението за ширење на филмската култура Џифони М и МНТ по повод гостувањето на овој театар во Македонија денеска ќе одржат прес-конференција.