НБА

Вестбрук пред пензија добил понуди од Вашингтон и Сакраменто

17.08.2026 10:08

Според НБА-инсајдерот Марк Штајн, Расел Вестбрук добил двегодишна понуда од Вашингтон Визардс, но не се согласил со условите и предвидената улога во тимот.

Расел Вестбрук бил на чекор од продолжување на кариерата, откако Вашингтон и Сакраменто му понудиле договор пред 37-годишниот плејмејкер да донесе одлука за пензионирање.

Според НБА-инсајдерот Марк Штајн, Расел Вестбрук добил двегодишна понуда од Вашингтон Визардс, но не се согласил со условите и предвидената улога во тимот.

Вестбрук во НБА пристигна во 2008 година како четврти пик на драфтот, а најголемиот дел од кариерата го помина во Оклахома Сити. Во сезоната 2016/17 беше прогласен за МВП на лигата, а девет пати настапи на Ол-стар натпреварот.

Во 18-годишната НБА кариера настапуваше и за Хјустон, Вашингтон, Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс, Денвер и Сакраменто.

Вестбрук е рекордер со 209 трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, а го држи и рекордот за најмногу трипл-даблови во една сезона – 42 во сезоната 2016/17.