Смоквата – медитеранско овошје полно со здравствени придобивки
Покрај пријатниот вкус, содржи витамини, минерали, фитонутриенти и антиоксиданти, поради што често се нарекува „медитеранско рајско овошје“.

Слатка, вкусна и богата со хранливи материи – смоквата е едно од најстарите овошја што човекот ги одгледувал. Покрај пријатниот вкус, содржи витамини, минерали, фитонутриенти и антиоксиданти, поради што често се нарекува „медитеранско рајско овошје“.
Смоквите се богати со диетални влакна, особено кога се консумираат сушени, а токму поради тоа традиционално се користат како помош при запек и други дигестивни проблеми. Сувите смокви содржат и железо, при што една смоква обезбедува околу два отсто од дневните потреби.
Ова овошје има релативно малку калории, па може да биде добар избор за ужина за оние кои внимаваат на телесната тежина. Содржи и калиум, кој е важен за одржување на нормален крвен притисок.
Антиоксидансите во смоквите помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес, додека присуството на калциум придонесува за одржување на нормални коски и заби.
Смоквите се користат и во негата на кожата, а поради нивниот состав се поврзуваат со поддршка на нејзината хидратација и здрав изглед.
